Тимот на Рома на катастрофален начин ја започна сезоната, а сметката најверојатно ќе ја плати тренерот Еусебио ди Франчесо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поразот од Болоња вчера ја прелеа чашата, па раководството на Рома веќе бара заменик за Ди Франческо, а „Кориере дело Спорт“ открива дека прв кандидат е Пауло Соуза.
Португалскиот стратег моментално е на кормилото на кинески Тијанжин, но наскоро би можел да се пресели на „Олимпико“.
Имено, раководството на „волчицата“ му дало ултиматум на тренерот Ди Франческо и во следните два меча бара 6 бода.
Соуза е добро познато име на Апенините, бидјеќи како играч настапуваше за Јувентус, Интер и Парма, а во периодот од 2015 до 2017 седеше на кормилото на Фиорентина.
