Францускиот играч за врска Адриен Рабио по се изгледа ќе го наптушти Пари Сент Жермен на крајот на сезоната.
Договорот на 23-годишниот плејмејкер со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а Рабио ги одби сите понуди за продолжување на соработката со „светците“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа значи дека Французинот ќе биде слободен агент следното лето, но уште во јануари може да започне преговори со заинтересираните клубови.
Имено, Челзи, Сити, Тотенхем, Ливерпул, Барселона, Милан и Јувентус се силно заинтересирани да го видат Рабио во своите редови, а играчот веќе ги постави условите.
Имено, Рабио од новиот клуб бара 170.000 евра неделна плата, односно околу 10 милиони евра по сезона.
Поради тоа клубовите од Премиер лигата изгледаат како најреална опција бидејќи се спремни да му ја дадат таа сума на францускиот играч за врска.
Adrien Rabiot, who is wanted by Chelsea, Man City, Spurs, Barcelona, AC Milan, Liverpool and Juventus, will demand a salary of around 170k-a-week when he's able to begin discussions with other clubs in January. (Source: Mundo Deportivo) pic.twitter.com/UQ7TreHTRy
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 19, 2018