90-годишниот американски велосипедист Карл Гроув, повторно е во центарот на вниманието, но овој пат поради позитивен допинг тест.
Гроув во јули претходната година триумфираше на „Мастерс трак“ во спринт, со постигнат светски рекорд во таа старосна категорија, меѓутоа сега е откриено дека користел недозволени супстанции.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Американската антидопинг агенција соопшти дека се пронајдени недозволени дози на епитренболон во неговата крв, поради што му е одземан медалот и поништен рекордот.
„Гроув беше позитивен на епитренболон, кој е забранет за употреба, покажаа анализите од истражувањето“, соопштија од антидопинг агенцијата.
CARL GROVE (90y) LOST HIS WORLD RECORD FOR DOPING, BUT GOT A NEW RECORD. https://t.co/IttAJIOrek pic.twitter.com/2PhTr0c5Hc
— Anti-Doping World (@AntiDopingWorld) January 5, 2019