Грчкиот ѕвер Јанис Антетокумпо повторно беше причина за победа на Милвоки сезонава.




Актуелниот шампион ја совлада Индијана со 128:119 и со овој триумф се најде на третото место Источната конференција. Јанис блескаше оствари учинок од дабл-дабл од 50 поени и 14 скока, а додаде и уште четири асистенции. Треба да се истакнаат и настапите на Мидлтон кој постигна 19 поени и запиша 8 асистенции, додека Бади Хил на спротивната страна стигна до 36 поени.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог




Словенецот Лука Дончиќ продолжи да блеска во Далас кој оствари важен триумф над Мајами 99:107. Дончиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл од 21 поен и 10 скока и забележа уште шест асистенции. На другата страна Хитм Батлер уфрли 29 поени, запиша 10 скока и подели три асистенции.




НБА РЕЗУЛТАТИ:
Атланта – Кливленд 124:116
Мајами – Далас 99:107
Филаделфија – Бостон 87:135
Милвоки – Индијана 128:119
Минесота – Шарлот 126:120
Њу Орлеанс – Мемфис 109:121
Феникс – Лос Анџелес 103:96