Познатиот британски магазин „4-4-2“ ги избра 50-те најдобри тренери во светот.
На првото место се најде менаџерот на англискиот шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, втор е освојувачот на Лигата на шампионите и шампион на Шпанија со Реал Карло Анчелоти, трет менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, четврти Антонио Конте од Тотенхем, а петти е Стефано Пиоли, италијанскиот шампион со Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Топ 10 ги пополнуваат и Микел Артета (Арсенал), Томас Тухел (до неодамна Челзи), Греам Потер (Брајтон, сега Челзи), Јулијан Нагелсман (Баерн) и Диего Симеоне (Атлетико Мадрид).
На списокот има само двајца тренери од регионот и двајцата од Хрватска. Тренерот на Торино, Иван Јуриќ е на 36. место, а тренерот на Марсеј, Игор Тудор е на 42. место.