Дома Фудбал Останато 38 години, 21 година кариера – 36 клубови: Овој човек тврди дека е проколнат!

38 години, 21 година кариера – 36 клубови: Овој човек тврди дека е проколнат!

Дури ниту оние страствени љубители на фудбалот веројатно не слушнале за името Џеферсон Луис.

Овој 38 годишен фудбалер од Домениканската Република во својата кариера, верувале или не, промени 36 клубови и се уште нема намера да ја заврши кариерата која трае 21 година.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Луис игра на позицијата напаѓач. Оваа сезона играше за нисколигашите Банбуру Јунајтед и Ченшам Јунајтед, а во овој момент е во потрага по нов клуб.

Во главно овој фудбалер времето го поминува во нисколигашите. Но, успеа да запише и еден настап за репрезентацијата на Доменикана, а во последната изјава тврдеше дека проколнат.

„Како да сум проколнат. Кога потпишав за Вренхам, тренерот ми кажа дека доколку дојдев порано од мене ќе направел играч за Премиер лигата. Очигледно дека некаде погрешив“, изјави Луис.

Во последниот ангажман за Ченшам постигна пет погодоци на 11 натпревари

jefferson

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал нема да запре по потписот на Ѓокереш – познато кој ќе му „мести“ голови

Во финишот на јули оваа трансфер сезона, најавено е доаѓањето на Виктор Ѓокереш во Арсенал…