Лука Модриќ сигурно ја игра последната сезона во Реал Мадрид, но се уште не е јасно дали ќе стави крај на кариерата.
Модриќ веќе 11 сезони го носи дресот на Реал Мадрид и се етаблираше во еден од најважните и најтрофејни играчи во историјата на „кралскиот“ клуб.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Модриќ сака да ја заврши кариерата како играч на Реал, но сепак на маса има две понуди кои тешко дека ќе може да ги одбие.
Имено, италијанските гиганти Интер и Јувентус стапиле во контакт со неговиот агент и му нудат договор на една година со опција за уште една сезона.
Капитенот на хрватската репрезентација и на 38 години игра важна улога во кралскиот клуб, иако оваа сезона има нешто помала минутажа.