Дома Македонски спорт Мак фудбал 30. јубилејна сезона во ПМФЛ: За првпат без Вардар, Шкупи сериозна закана круната на Шкендија!

30. јубилејна сезона во ПМФЛ: За првпат без Вардар, Шкупи сериозна закана круната на Шкендија!

Денес стартува 30. Јубилејена сезона во македонската прва лига.

За првпат во историјата првенството започнува без најтрофејниот Вардар, чудно ќе биде но реалноста е таква.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шкендија која ќе го брани трофејот влегува во сезоната после катастрофалното лето, а на клупата си замина Ернест Ѓока, се врати Бруно Акраповиќ. Играчкиот ростер е скоро истиот. Проектот на Шкупи ветува предводени од Гоце Седлоски ангажираа сериозни засилувања, меѓу кои и репрезентативецот Радески.

Затоа многумина ќе кажат и дека иако Шкендија е шампион, сезонава на хартија Шкупи ја има првата фаворитска улога за титулата.

Од останатите за место во Европа се очекува во горниот дел на табелата да бидат Работнички, Македонија Ѓ.П, Струга Трим Лум, Академија Пандев…Брегалница во друштвото на најдобрите влегува со оптимизам, Штипјани најавуваат борба за Европа, но ќе оставиме да видими како ќе се покажат.

Реноа нема некои посебни најави за нив веројатно најважно ќе биде да се избегне сценариото од минатата сезона во која играа бараж за опстанок во првенството.

Еуфорија има во Кавадарци, Тиквеш после долги години ќе игра прва лига, се ангажираа нови имиња, па ќе видиме како сето тоа ќе се изгледа на теренот. Повратник во друштвото на најдобрите е и Скопје.

Битолски Пелистер цело лето мака мачеше со финансиски проблеми, па затоа во клубот првите две засилувања пристигнаа вчера, еден Французин и Виктор Крстевски од Вардар. Клубот конечно најде стабилно раководство барем според најавите и до крајот на преодниот рок се очекуваат барем уште две-три засилувања.

НАТПРЕВАРИ ОД 1. КОЛО ВО ПМФЛ

17:30 часот

Брегалница – Шкупи

Македонија ЃП – Пелистер

Работнички – Борец

Ренова – Скопје

Тиквеш – Шкендија

20:00 часот

Академија Пандев – Струга Трим Лум

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…