Селекторот на репрезентацијата на Франција, Дидие Дешамп ја објави листата на фудбалери за квалификациските натпревари за Светското првенство против Холандија и Луксембург.
Дешамп повторно од репрезентацијата го изостави напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, а не повика уште неколку познати имиња. Така свое место на листата не најдоја Ентони Марсијал, Осуман Дембеле и Бенџамин Менди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исто така, Дешамп објави дека нема да им дозволи на играчите да ги завршат трансферите за време на своите обврски во националниот тим, па со таа одлука, трансфер периодот за нив ќе заврши на 27. август, кога ќе се соберат најдобрите играчи од оваа селекција.
Листата на Французинот изгледа вака:
Голмани: Хуго Лорис (Тотенхем), Стив Манданда (Олимпик Марсеј), Алфонс Арелоа (ПСЖ).
Одбрана: Лајвин Курзава (ПСЖ), Лукас Дигне (Барселона), Рафаел Варан (Реал Мадрид), Самуел Умтити (Барселона), Лоран Кошчиелни (Арсенал), Преснел Кимпембе (ПСЖ), Џибрил Сидибе (Монако), Кристоф Жале (Ница).
Среден ред: Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Корентин Толисо (Баерн Минхен), Адриен Рабиот (ПСЖ), Томас Лемар (Монако), Н`Голо Канте (Челзи), Блез Матуиди (Јувентус).
Напад: Набил Фекир (Лион), Кингсли Коман (Баерн Минхен), Оливие Жиру (Арсенал), Александре Лаказет (Арсенал), Флориан Товен (Олимпик Марсеј), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Килијан Мбапе (Монако).