Дома Трансфер зона Барселона тргнува по ѕвездата на Наполи

Барселона тргнува по ѕвездата на Наполи

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е силно заинтересирана за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

Откако ја загубија битката за потписот на Вајналдум, Каталонците ќе се насочат кон шпанскиот репрезентативец, кој игра одлично во Наполи.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Куман бара засилување на средниот ред, а Фабиан Руиз е посочен како идеален наследник на Серхио Бускетс, но може да игра на повеќе позиции во средниот ред.

Меѓутоа, трансферот нема да биде лесен бидејќи Наполи не сака да се откаже од својата ѕвезда.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона спрема понуда од 50 милиони евра, а самиот фудбалер преферира преселба на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…