Дома Топ вести Паника во Мадрид: Рамос има богати понуди од Англија

Паника во Мадрид: Рамос има богати понуди од Англија

Серхио Рамос е во последната година од неговиот договор со Реал Мадрид, а засега не е познато дали ќе ја продолжи соработката со „кралскиот“ клуб.

Преговорите започнаа, но не одат во вистинска насока, бидејќи претседателот Флорентино Перез сака да му понуди само едногодишен договор.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Рамос има алтернативни решенија доколку не се договори со Перез за нов договор. Неколку европски гиганти веќе покажаа интерес за дефанзивецот, а најголема е веројатноста да се пресели во Премиер лигата.

Имено, Рамос на маса има две богати понуди од клубовите од Манчестер. „Црвените ѓаволи“ спремаат двегодишен богат договор за Шпанецот, но во игра е и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…