Дома Фудбал Останато ПСЖ го изгуби дербито со Лион, навивачите стравуваат за Нејмар 🎥

ПСЖ го изгуби дербито со Лион, навивачите стравуваат за Нејмар 🎥

ПСЖ во дербито на 14. коло во француската Лига 1 доживеа пораз на „Паркот на принцовите“ од Лион со 0:1.

Гостите одиграа одличен меч и на крајот заслужено го победија актуелниот шампион на Франција и го прескокнаа на табелата.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Тимо Кадвере го доведе Лион во водство во 35. минута и овој гол се покажа како решавачки.

Навивачите на ПСЖ од поразот можеби повеќе ги загрижува повредата на Нејмар. Во самиот финиш од мечот Мендес остро стартуваше над Бразилецот, а после прегледувањето на снимката главниот судија му додели црвен картон. Нејмар беше на носилки изнесен од теренот, во овој момент не се знае за каква повреда станува збор.

Инаку, со оваа победа Лион го прескона ПСЖ на табелата и сега се втори со 29 бода колку што има и Лил. ПСЖ има 28.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вејн Руни има совет за Халанд: Ако продолжиш така – никогаш нема да бидеш како Меси и Роналдо!

Ерлинг Халанд повторно под напад на критики. Брилијантниот напаѓач на Манчестер Сити не ја…