Дома Фудбал Останато 20 натпревари и 100 дена на клупата: Тиери Анри неуспехот во Монако „дебело“ го наплати

20 натпревари и 100 дена на клупата: Тиери Анри неуспехот во Монако „дебело“ го наплати

Клубот од Кнежеството Монако го врати Леонардо Жардим на кормилото после само три месеци, откако Тиери Анри не забележа успех во тој период.

Анри на клупата на Монако помина 104 дена и во тој период на 20 натпревари победи само на пет натпревари и изгуби дури на 11, додека неговиот тим имаше гол-разлика од 23-43.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во француското првенство се борат за опстанок, додека во Лигата на шампионите експресно беа елиминирани во групната фаза. Во Купот на Франција беше елиминиран од Мец. Единствена шанса за излез во Европа сега им останува Лига Купот каде што играат полуфинале.

Анри имаше неуспех, но истиот „дебело“ ќе си го наплати. Французинот потпиша договор на три години вреден 2.8 милиони фунти годишно, па клубот беше приморан да му ја исплати целата сума.

Па така Анри за 20 натпревари и 100 дена на клупата ќе си добие скоро 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ИСТОРИСКА ВЕЧЕР НА „САН СИРО“: Лука Модриќ вечерва го стартува моторот на Милан пред 70 илјади навивачи!

Лука Модриќ вечерва од 20:45 часот ќе игра од првата минута во дебито за Милан против Крем…