Милан е заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, пренесуваат италијанските медиуми.
„Росонерите“ на крајот на сезоната ќе останат без Златан Ибрахимовиќ и се во потрага по нов напаѓач, а Милик е една од најголемите желби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полскиот напаѓач има договор со Наполи до 2021 година и одби да ја продолжои соработката бидејќи сака да ја промени средината. На лето ќе влезе во последната година од договорот па Наполи ќе мора да го продаде.
Наполи за неговата слобода бара 35 милиони евра, но е заинтересиран за играчот за врска на Милан, Франк Кеси, па медиумите тврдат дека двата клуба можат да договорат трампа.
„Росонерите“ се спремни да го испратат Кеси во Наполи, а за возврат да го добијат потписот на Милик бидјеќи вредноста на двајцата фудбалери е приближна на пазарот.