Членот на Европскиот парламент Даниел Кон-Бендит, кој е дел од комисијата за економски прашања, го „запали“ фудбалскиот свет со изјава за Килијам Мбапе.
Европратеникот предвидува дека после пандемијата со коронавирус драстично ќе паднат цените на фудбалерите и даде пример со ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Утре, кога цела оваа криза со коронавирусот ќе заврши, Мбапе нема да чини повеќе од 35 или 40 милиони евра. Тој ќе чини само 40 милиони, наместо 200 милиони како што беше пред кризата. Оваа криза ќе не исчисти од нерационалноста во професионалниот спорт. Не само за трансферите, ќе треба да се направи ревизија и за платите, мора да го спречиме овој систем да се прават нелогични бизниси во фудбалот“, тврди Бендит.
Овој економски експерт не е првиот кој отворено зборува дека драстично ќе се промени фудбалскиот трансфер пазар и ќе паднат цените на фудбалерите.