Дома Фудбал Италија Годин револтиран од ситуацијата во Италија: Бевме изложени на опасност

Годин револтиран од ситуацијата во Италија: Бевме изложени на опасност

Интер пред два дена ги ослободи странските фудбалери да се вратат во татковината откако 14 дена беа во карантин.

Диего Годин се врати во Уругвај, но не е среќен за тоа како функционираат работите во Италија, па револтот го искажа преку медиумите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Само еден ден пред прекин на шампионатот, Интер играше против Јувентус и беше поразен. На средбата без публика беше и Даниеле Ругани, кој на 12 март имаше позитивен тест на Ковид-19.

„Бевме изложени до последен момент. Тие сакаа да се игра, додека не стана неиздржливо. Здравствениот систем падна. Нема доволно кревети на интензивна нега. Имаат недостаток и на доктори, луѓето со други болести не може да се лекуваат“.

„Ние продолживме да играме фудбал неколку недели, трениравме, игравме без публика, додека фудбалерот на Јувентус не беше позитивен“, изјави Годин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…