Дома Топ вести Трансферите на Погба и Нејмар биле само „театарска претстава“

Трансферите на Погба и Нејмар биле само „театарска претстава“

Преодниот рок заврши, а Нејмар и Погба останаа во ПСЖ односно Манчестер Јунајтед. Двајцата беа главна тема ова лето бидејќи Нејмар сакаше да се врато во Барселона, а Погба настојуваше за трансфер во Реал Мадрид.

Меѓутоа, светската јавност денес остана без зборови, откако некои медиуми објавија дека потенцијалните трансфери на Нејмар и Погба биле лага, односно сето тоа било „театарска претстава“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Медиумите веруваат дека приказните околу двата трансфери биле режирани. Реал не сакал да понуди 150 милиони евра за Погба, а тоа било само маневар на Флорентино Перез за да го смири тренерот Зинедин Зидан.

„Не стигна ниту една понуда која беше сериозна. Се споменуваа смешни понуди, но мислам дека тоа беше само игра“, вели неименуван извор од Јунајтед.

Нешто слично се сличило и до Нејмар, иако Барселона вложила многу повеќе труд отколку „кралевите“ за Погба.

Каталонците од старт ја знаеле сумата за кој може да го добијат Бразилецот, но во текот на летото воопшто не се приближиле до таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чаби Алонсо може да го замени Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…