Дома Фудбал Англија Падна првата тренерска смена во Премиер лигата

Падна првата тренерска смена во Премиер лигата

Само еден ден по завршувањето на првенството, падна првата тренерска смена во Премиер лигата.

Имено, раководството на Брајтон се одлучи да му врачи отказ на тренерот Крис Хјутон, иако обезбеди опстанок во Премиер лигата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Билансот од само три победи на последните 23 натпревари во елитата го натераа раководството на клубот да го отпушти тренерот, кој избегна испаѓање за само два бода.

„Несомнено, ова е најтешката одлука која моравме да ја донесеме. Хјутон одработи фантастични четири и пол години, но оваа сезона тимот не одигра како што очекувавме. Потребни ни се промени, а првиот чекор го направивме со негово разрешување“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе се осврна на критиките од навивачите на Реал Мадрид: „Ако го критикуваа Роналдо, кој сум тогаш јас?“

Килиан Мбапе повторно е во центарот на вниманието, но не само заради играта на теренот, ту…