Дома Фудбал Италија Милан го сака Покетино за наследник на Гатузо

Милан го сака Покетино за наследник на Гатузо

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино би можел да седне на кормилото на италијанскиот гигнат Милан ова лето, пренесува „Кориере дела Сера“.

Аргентинскиот стратег е цел број еден на извршнот директор на Милан, Иван Газидис. Весникот тврди дека веќе се остварени првите контакти помеѓу „росонерите“ и агентите на Покетино.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан се бори за пласман во Топ 4 и излез во Лигата на шампиони и моментално е на четвртото место, со само еден бод повеќе од Аталанта. „Росонерите“ ја прокоцкаа предноста откако во изминатите три меча освоија само еден бод.

Италијанските медиуми тврдат дека и доколку Милан заврши во Топ 4 и осигура пласман во Лигата на шампиони, многу веројатно дека Гатузо ќе биде сменет на крајот на сезоната.

Директорите на италијанскиот гигант сакаат да донесат етаблирано тренерско име со кого ќе започнат победнички проект, а Покетино е најголема желба.

Сепак, тоа ќе биде тешка мисија за „росонерите“ бидејќи Аргентинецот има договор со Тотенхем до 2023 година и „спарси“ немаат никаква намера да го пуштат.

Покетино беше на радарот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но „кралевите“ и „црвените ѓаволи“ се одлучија за Зидан односно Солскјер.

Милан е спремен да му даде одврзани раце на Покетино да креира тим по своја мерка со кој ќе се бори за трофеи, со цел да го убедат да се пресели на „Сан Сиро’.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…