Дома Фудбал Светско првенство во фудбал 12 рекорди кои ги сруши Меси на овој Мундијал

12 рекорди кои ги сруши Меси на овој Мундијал

Лионел Меси беше главна тема на неодамна завршениот Мундијал во Катар.

Неговата Аргентина ја освои светската титула, а 35-годишниот капите на „гаучосите“ беше прогласен за најдобар играч на првенството.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во Катар Меси собори дури 12 мундијалски рекорди.

1. Најмногу настапи – 26.

2. Најмногу асистенции -9.

3. Единствениот играч кој постигнал барем по еден гол во секоја фаза од Светското првенство од форматот со 32 играчи.

4. Најмногу одиграни минути – 2314.

5. Единствениот играч кој забележал барем една асистенција на секое Светско првенство на кое учествувал.

6. Единствениот Аргентинец кој постигнал гол на четири различни светски првенства.

7. Фудбалер кој најмногу пати бил капитен – 18.

8. Најдиректно учество во голови – 22 (13 гола и 9 асистенции).

9. Најмладиот фудбалер кој играл на пет светски првенства до 35 години.

10 Најмногу награди за играчот на натпреварот – 11, што значи дека е прогласен за најдобар во 42 отсто од одиграните игри.

11. Најдолго растојание меѓу првиот и последниот гол – Првенац постигна во 2006 година, последниот во финалето против Французите во 2022 година.

12. Најстариот фудбалер кој постигнал гол и асистирал на исто Светско првенство – 35 години, 5 месеци и 19 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Милан продолжи со победите

Милан со пресврт успеа да слави над Болоња со 3:1, само неколку дена пред финалето на Купо…