Заврши групата фаза во Лигата на шамиони, познати се веќе и осминафиналните парови, а меѓу 16-те најдобри екипи во Европа се Арсенал, Наполи, Барселона, Атлетико Мадрид, Монако, Борусија Дортмунд, Лестер, Јувентус, ПСЖ, Бенфика, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Реал Мадрид, Порто и Севиља.
Англиските медиуми направија инетресен избор и ги избраа најлошите 11 фудбалери од групната фаза, кои сепак со своите клубови успеаа да се пласираат во следната рунда.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На голот е Клаудио Браво од Манчестер Сити. Дефанзивната линија ја сочинуваат неговиот соиграч Гаел Клиши, потоа Андреа Раџи и Раул Албиол (Наполи) како и Луис Хернандез од Лестер.
Грегор Кришчовјак од ПСЖ го предводи средниот ред, каде е уште и Жоржињо од Наполи и Стефано Стураро од Јувентус.
Ѕвездата на Премиер лигата, Џејми Варди исто така се наоѓа меѓу најлошитре 11, а друштво во нападот му прават Костас Митроглу од Бнефика и Чичарито од Баер Леверкузен.