Вечерва Баерн покажа моќ и убедливо ја победи Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Баерн во Лисабон славеше победа од 2:8. До водство Германците стигнаа уште во четвртата минута кога Милер го отвори резултатот. Барса се врати само три минути подоцна со автоголот на Алаба.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Во продолжение од 22. до 31. минута следуваше вистински потоп за Каталонците. Перишиќ, Гнабри и уште еднаш Милер погодуваа за убедливи 1:4.
Во вториот 45 минути видовме уште пет гола. Суарез во 57. минута погоди за мала надеж на Барселона, меѓутоа по супер продорот на Алфонсо Дејвис Кимих ја погоди мрежата за 2:5.
Шестиот гол за Баерн беше дело на Роберт Левандовски кој игра фантастична сезона. Треба да споменеме дека продлжи низата на Левандовски – на секој натпревар во ЛШ до сега сезонава постигна гол.
И тука не застана Баерн само неколу минути подоцна Кутињо зголемува на 2:7, а да биде болката за Барса уште поголема „нивниот“ Кутињо постигна уште еден гол за 2:8.
Баерн во полуфиналето ќе игра против подобриот од натпреварот Манчестер Сити – Лион, додека првото полуфинале го формираа Лајпциг и ПСЖ.