Дома Фудбал Лига на шампиони Џон Тери: Бонучи и Киелини се најдобрите дефанзивци во својата генерација

Џон Тери: Бонучи и Киелини се најдобрите дефанзивци во својата генерација

Џон Тери за „Газета дело Спорт“ зборуваше пред натпреварот помеѓу Челзи и Јувентус во Лигата на шампионите.

Поранешниот дефанзивец на лондонските „сини“ верува дека тимот на Томас Тухел ќе дојде до победа на домашен терен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Челзи е во добра форма од кога изгуби од Тотенхем не знае за пораз. Мислам дека и покрај тоа што ќе им фали некој играч ќе биде посупериорни во однос на Јувентус“, изјави Тери.

Во разговорот Тери откри и дека италијанските дефанзивци влијаеле на неговат акариера.

„Го проучував начинот на игра на Франко Барези и Паоло Малдини. Малдини беше мој идол и се правеше на теренот да изгледа толку лесно. Никој го нема тој стил. Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи се најдобрите играчи на својата генерација. Се уште играат, а веќе се апсолутни легенди“, изјави Тери.

Челзи и Јувентус вечерва ќе играат во дуел кој ќе решава за првото место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…