Поранешниот англиски репрезентативец Адам Џонсон од неодамна се наоѓа на слобода.
Откако ја отслужи двегодишната казна поради аферата со 15-годишно девојче, Џонсон продолжува со нормален живот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 31- годишен играч уште одамна најави дека откако ќе излезе од затвор ќе му се врати на фудбалот, а британски Сан пишува дека веќе е пред потпис со Хартпул Јунајтед, кој се натпреварува во петта англиска лига.
Адам Џонсон, наводно, имал понуди и од Кина, но одлучил кариерата да ја продолжи во Англија.
Последен клуб за кој Џонсон настапуваше беше Сандерленд (2012-2016), а претходно играше за Сити, Ватфорд, Лидс и Мидлзброу. Со Граѓаните во периодот од 2010. до 2012. година освои Премиер лига, ФА куп и Комјунити Шилд.