Селекцијата на Србија имаше предност од 1:0 во натпреварот против Швајцарија кога во 52 минута играчит за врска на Швајцарија, Гранит Џака од 20 метри со силен удар да изедначи на 1:1.
Ударот на Џака одеше со 104 километри на час, а голема прашина крена неговата прослава на голот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Родителите на Џака се Албанци од Куршумлија, на југот на Србија. Неговиот татко во 1986 година три ипол години поминал во затвор во Србија.
На 22 години таткото на Џака учествувал во демонстрациите против српската тиранија над косовските Албанци Тој бил фатен и осуден на шест години затвор, сепак поминал подобро од неговиот вујко кој добил казна затвор од 15 години.
Џака денес има 26 години, а во едно интервју за „Гардијан“ минатата година зборуваше за тешките моменти низ кои поминал неговиот татко.
„Често пати барам од мојот татко да ми зборува за тоа како му било во затворот. Толку многу пати ми зборуваше, но сигурен сум дека и понатаму не ми открил се. Секогаш постојат моменти на тишина, тогаш знам дека проголтува нешто и не сака да ми ја каже вистината. Знам дека ќелијата ја делел со уште четворица затвореници и дека му било дозволено да излезе на воздух само десет минути во денот“.
„Ми откри и дека првите денови во затворот и не биле така лоши условите, но подоцна следувал пекол“…