Дома Фудбал Како Роналдињо се однесува во затворот?

Како Роналдињо се однесува во затворот?

Некогаш најдобриот фудбалер на светот се најде зад решетки поради фалсификуван пасош, но и таму му оди добро.

Настапи на турнир со затвореници, постигна пет погодоци и запиша шест асистенции.

Роналдињо уште еднаш покажа дека се уште ја има магијата во нозете, а сите затвореници и стражарите беа воодушевени.

Имаа прилика во живо да ја гледаат поранешната ѕвезда на Барса, Милан, ПСЖ…

На турнирот играше со дилери на дрога, а на крајот освои печено прасе од 16 килограми.

Раководителот на затворот Блас Вера истакна дека Роналдињо се однесува нормално, иако е најпопуларен затвореник.

„Изгледа добро, разговара со останатите затвореници.“ – кажа Блас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја пречекува Србија во Лигата на нации

Холандија ќе се обиде да ја зацврсти својата позиција на врвот во групата А2 од Лигата на …