Дома Фудбал Лига на шампиони Џиџи не си единствен: Ова се најголемите кои никогаш не застанаа на врвот на Европа!

Џиџи не си единствен: Ова се најголемите кои никогаш не застанаа на врвот на Европа!

Ниту третото финале не беше среќно за најдобриот голман во светот и додека неговата сопруга беше во солзи на трибини, големиот Џиџи некако успеа да се воздржи, кој знае можеби ќе има уште една шанса…

Дали ова беше последна шанса за Џиџи Буфон, многумина го тврдеа истото пред две години против Барселона, но Буфон вети дека ќе се врати по титулата која му недостасува.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Кардиф го загуби третото финале, ќе има можеби уште една шанса во својата последна сезона наредната година. Но тешко е да се каже дали Јувентус може повторно да стигне волку далеку, тоа никогаш не се знае. Буфон губеше финалиња во 2003 и 2015.

Марадона можеби е најголемиот на сите времиња, но играше за Наполи и ние ќе се сконцентрираме на играчите кои играа од кога натпреварувањето се игра во ваков формат.

Ромарио – Најдобриот фудбалер во светот во свое време, го освои Светското првенство, имаше шанса со Барселона да триумфира во Лигата на шампионите, но не успеа.

Фабио Канаваро – Никогаш не ни играше во едно финале, иако ја освои „Златната топка“

Лотар Матеус – Изгуби се со Баерн, практично во само неколку минути против Манчестер Јунајтед.

Патрик Виера – Не беше ниту блиску со Арсенал и Јувентус, иако беше еден од најдобрите играчи во средината во свое време.

Павел Недвед – Го пропушти финалето во кое Јуве беше поразен поради суспензија, да играше можеби исходот ќе беше поинаков.

Сеск Фабрегас – Проклетство, некако го промашуваше времето, започна со поразот додека беше во Арсенал, потоа беше во Барселона кога каталонците не освојуваа, па во Челзи.

Златан Ибрахимовиќ – И тој имаше погрешен тајмиг во Интер и Барселона, судејќи според се ќе остане без овој трофеј.

Роналдо – Бразилецот не ја освои Лигата на шампионите, ниту со Барса, ниту со Реал, а од Милан замина пред клубот да стигне до титулата во 2007 година.

Мала утеха за Буфон може да биде тоа што и неговиот претходник на голот на Јувентус, Дино Зоф не триумфираше во Лигата на шапионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…