Oд вчера во ракометниот свет се коментира пикерот на Конго Тјери Мвумби Готие.
Готие го привлече вниманието поради неговиот физички изглед кој не е адекватен за еден спортист. Уште поинтересно е што на официјалната страна на Светското првенство стои дека тој има 89 килограми што е голем гаф.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега „дебелкото“ од Конго откри дека сака да го добие стегачот на Микел Хансен.
„Радосен сум за ова искуство, ќе дадаеме се од себе. Ништо не е невозможно и ние имаме раце и нозе како и противниците. Наша цел е да се претставиме во што е можно подобро светло, а сакам и да го добијам стегачот од главата на Микел Хансен“, се пошегува Готие.