Дома Трансфер зона Џеси Лингард разочара и доби отказ!

Џеси Лингард разочара и доби отказ!

Џеси Лингард минатото лето пристигна како големо засилување во Нотингем Форест, но за овој клуб настапи на 17 натпревари во кои не успеа ниту да постигне гол, ниту да асистира.

Со 115.000 фунти неделно тој беше најплатениот фудбалер, меѓутоа сега љубовта помеѓу двете страни заврши по само една сезона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Лингард се покажа како разочарување за раководството и Нотингем одлучи да го раскине договорот.

Во летниот преоден рок тој ќе биде слободен без оштета да потпише со друг клуб. Покрај Лингард откази заработија, Џек Колбек, Џордан Смит и Лили Тејлор. Кејлор Навас, Дин Хендерсон и Ренан Лоди се вратија во своите клубови од каде што беа позајмени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…