Џеси Лингард некогаш беше играч кој важеше за еден од најголемите англиски таленти и се најавуваше дека може да биде предводник на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација.
Сепак, високите очекувања Лингард не ги исполни, па по променливиот период во Манчестер Јунајтед се пресели во Нотингем Форест каде што исто така не се прослави и пропушти прилика да се врати со формата на највисоко ниво.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, според најавите од Островот, Лингард сега би можел да добие нова шанса во друг клуб од Премиер лигата. Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард импресионирал со својата желба и тренинзи во Вест Хем и клубот сака да го задржи.
Лингард имаш еден солиден период во Вест Хем кога беше на позајмица во 2021 година, тогаш на 16 натпревари постигна девет гола и додаде пет асистенции, но одлучи да се врати во Јунајтед и тоа се покажа како погрешен период.
Покрај Вест Хем, Јунајтед и Нотингем, 30-годишниот напаѓач го носеше дресот уште на Лестер, Бирмингем, Брајтон и Дерби Каунти.