Дома Фудбал Англија Џермјен Дефо за Божиќ доби подарок кој го заслужи пред 10 години (ВИДЕО)

Џермјен Дефо за Божиќ доби подарок кој го заслужи пред 10 години (ВИДЕО)

Повеќе од 10 години го чекаше Џермејн Дефо медалот кој своевремено го освои со Тотенхем.

Три пати во текот на богатата кариера Џермејн Дефо го носеше дресот на Тотенхем, а веќе после првиот му беше нанесена голема неправда која денес конечно беше исправена.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во сезоната 2007/2008 Тотенхем го освои трофејот во Лига купот со победата над Челзи. Дефо финалето го гледаше како член на Портсмунт каде што премина еден месец претходно, поради тој трансфер остана без медал.

„Среќен сум што дадов свој допринос за момците да стигнат до финалето. Потоа беше убаво да се опуштам и да гледам како освојуваат трофејот“, изјави Дефо потсетувајќи се на 2008 година.

Неправдата конечно беше исправена. Претставниците на натпреварувањето го посетија на тренингот на Бурнемоут и на Дефо му го доделија медалот кој му припаѓа.
Интересно е дека споменатиот Лига куп во 2007/2008 година е единствениот трофеј кој Дефо го освоил иако повеќе од 20 години настапува во Премиер лигата.

Од 1999 година Џермејн Дефо го носеше дресот на Вест Хем, Бурнемоут, Тотенхем, Портсмунт и Сандерленд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…