Дома Фудбал Италија Џеко не помислува да го напушта Рим: Тргнува по стапките на Тоти?

Џеко не помислува да го напушта Рим: Тргнува по стапките на Тоти?

Eдин Џеко неодамна дипломираше на универзитет за спортски менаџмент во Сараево и на некој начин покажа какви амбиции има после завршувањето на кариерата.

Добри вести за навивачите на Рома се што Џеко е блиску до потпишување на нов договор со „Волчицата“, а како што наведуваат италијанските медиуми по завршувањето на играчката кариера би можел да добие директорска функција и да му помага на Тоти.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Кога во прашање е новиот договор, планот на Рома е да го продолжи на уште една година во однос на актуелниот, значи до јуни 2021 година.

Тоа би подразбирало и да игра за нешто помала плата – 4 милиони евра, што е за 500.000 евра помалку отколку што добива сега.

Иначе, Џеко зборува четири странски јазици: Чешки, германски, англиски и италијански.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бомба од НБА: Манчестер Јунајтед даде зелено светло, но тоа не е сè!

Големиот европски фудбалски клуб наводно се согласи да учествува во европскиот проект на Н…