Дома Топ вести Џеко може да го замени Ибра во Милан

Џеко може да го замени Ибра во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Един Џеко ова лето може да направи изненадувачки трансфер и да потпише за Милан.

Познато е дека Босанецот е голем навивач на Милан и дека пред неколку години беше пред трансфер на „Сан Сиро“, а сега конечно може да му се оствари сонот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Стефано Пиоли ќе остане тренер на Милан следната сезона, откако клубот реши да го награди со нов двегодишен договор за добрите игри. Тој сака во тимот да има еден искусен напаѓач, па доколку замине Ибра ќе се насочи кон Един Џеко.

34-годишниот напаѓач игра уште една одлична сезона во Рома, но „волчицата“ има финансиски проблеми и е спремна да го продаде.

Како што пишува „Газета Дело Спорт“, Пиоли би сакал да го задржи Златан по секоја цена, но доколку не успее, тогаш прва желба е Џеко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…