Един Џеко се уште не станал играч на Интер, а причина за тоа е Мауро Икарди.
Долгогодишниот напаѓач на „Нероаѕурите“ е отпишан од Бепе Марота. Интер сака да се ослободи, дури и неговиот број му го додели на Ромелу Лукаку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Икарди се одмаздува така што одбива да премине во Рома. Иако Интер се договори за зделка во која би бил вклучен Џеко.
Договорот е ваков: Џеко би преминал во Интер како замена за Икарди, а Рома би добила дополнителни 40 или 50 милиони евра. Меѓутоа Аргентинецот одгива да премине во Рим затоа што го чека Јувентус.
Исто така тој ги одбива и останатите алтернативи. Се обидоа во Интер да го понудат на Наполи, но и тој нивни обид заврши неуспешно.
Ќе видиме како оваа сапуница ќе заврши, а до крајот на преодниот рок во Италија останаа уште девет дена.