Дома Фудбал Англија Џака одби да им се извини на навивачите – го чека жестока казна!

Џака одби да им се извини на навивачите – го чека жестока казна!

Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака ги поминува своите најлоши денови откога пристигна во Арсенал.

Швајцарецот не игра баш добро и поради тоа навивачите му го завртија грбот бидејќи веруваат дека тој не би требало да ја добие капитенската трака.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Големиот скандал се случи во неделата кога навивачите почнаа да го исвиркуваат капитенот. Џака го фрли дресот, а притоа и со пцовки ги провоцираше фановите, и тоа нема да остане неказнето.

Тренерот Унаи Емери побарал да се извини јавно поради неговиот непристоен потег, но Џака е тврдоглав и не попушта, па го одбил барањето на тренерот и решил да не им се извини на навивачите, зашто смета дека тие први ја почнале „војната“.

Поради тоа, Емери имал состанок со управата на Арсенал, каде што се разговарало за целата ситуација и тие, наводно, решиле да не му ја одземат капитенската лента, но затоа Швајцарецот ќе добие голема парична казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нарушени односи на Баерн и Барселона – Флик разочаран од потегот на неговиот поранешен клуб

Иако Ханси Флик остави неизбришлива трага во Баерн со кој освои скоро сè што можеше, изгле…