Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Џака даде објаснување за „спорниот дрес“ кој крена голема прашина

Џака даде објаснување за „спорниот дрес“ кој крена голема прашина

Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло Гранит Џака направи неколку инциденти на теренот, а провокациите продолжија и после последниот судиски свиреж.

По крајот на натпреварот, Џака облече дрес на кој пишуваше Јашари, а Србите веднаш го поврзаа со Адем Јашари кој е основач на терористичката формација за ослободителната војска на Косово (ОВК).

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Меѓутоа, Џака по натпреварот објасни дека тоа го направил поради соиграч од репрезентацијата, Арден Јашари кој е Албанец и има македонски корени.

„Не мислев никого да провоцирам. Јас му дадов поддршка на младиот фудбалер од репрезентацијата“, кажа Џака, кој може да се соочи со санкции од ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Во Италија вчера соиграч на Елма го изведе најсилниот пенал во историјата! (Видео)

Фудбалерите на Наполи, со повеќе проблеми од очекуваното, се пласираа во четвртфиналето на…