Џадон Санчо со 19 години и 151 ден „старост“ постигна гол за Борусија кај Келн и така во 70-тата минута испиша историја во второто коло од Бундес лигата.
Фантастичниот англиски крилен напаѓач стана најмладиот фудбалер во германската Бундес лига кој постигнал 15 голови. Со голот против Келн го сруши рекородт на Хорст Копел од 1967 година бидејќи Санчо е 34 дена помлад од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Дортмунд дојде летото 2017 година од Манчестер Сити за оштета од осум милиони евра и во првата сезона постигна еден гол во Бундес лигата.
Минатата постигна 12 првенствени голвои и уште четири намести, а со голот против Келн оваа сезона е на два гола во првите две кола од новата сезона. Веќе има и две асистенции.
19y 151d – @Sanchooo10 (19y 151d) is the youngest player in #Bundesliga history to score 15 Bundesliga goals, beating the record of Horst Köppel from 1967 by 34 days. Wunderkind. #KOEBVB @BlackYellow pic.twitter.com/TY1f3pJSsi
— OptaFranz (@OptaFranz) August 23, 2019