Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.
Хјустон и покрај трипл-даблот на Џејмс Харден (28 поени, 10 скокови и 10 асистенции) и 39. поени на Расел Вестбрук изгуби на свој терен од Јута со 113:114. Џордан Кларксон уфрли 30, а Донован Мичел 25 поени во редовите на Јута. Но херој на Јута беше Бојан Богдановиќ кој во последната секунда погоди тројка за победа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
?| @lockedonsports with the call on the game-winner ⤵️ pic.twitter.com/jtZ5TdCv6i
— Utah Jazz (@utahjazz) February 10, 2020
Луд натпревар одиграа Атланта и Њујорк, Хокси славеа после две продолженија со 140:135 со 48 поени и 13 скокови на Трае Јанг. Кај Никси, Џулијн Рендл го заврши натпреварот со 35 поени и 18 скокови.
Младиот Турчин Фуркан Коркмаз одигра уште еден одличен натпревар, тој ја одведе Филаделфија до победа над Чикаго од 118:111. Коркмаз ја игра својата трета сезона во НБА. Против Чикаго постигна шест тројки и вкупно имаше 31 поен, пет скока и две асистенции и три украдени топки. Тој успеа да засени ѕвезди како Бен Симонс и Џоел Ембид. Ова е втор натпревар во низа на кој Коркмаз постигнува 30+поени. Против Мемфис уфрли рекордни 34.
Клиперси беа убедливи против Кливленд со 133:92, Лу Вилијамс беше најефикасен на натпреварот со 25 поени.
НБА резултати
Атланта – Њујорк Никси 140:135
Филаделфија – Чикаго 118:111
Вашингтон – Мемфис 99:106
Хјустон – Јута 113:114
Кливленд – Клиперси 92:133
Портланд – Мајами 115:109
Оклахома – Бостон 111:112