Дома Фудбал Англија Ќе ја дочека ли Мојс новата година во Вест Хем? – Според распоредот и формата „НЕ“!

Ќе ја дочека ли Мојс новата година во Вест Хем? – Според распоредот и формата „НЕ“!

Шкотскиот стручњак се врати во Премиер лигата, но прашање е колку долго ќе се задржи.

Славен Билиќ по серијата лоши резултати и убедливиот пораз од Ливерпул (4:1) заработи отказ на клупата на Вест Хем, него го наследи Дејвид Мојс.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поранешниот стратег на Евертон до сега на три натпревари ги предводеше „чеканите“ и освои само еден бод.

На дебито беше поразен од Вотфорд потоа одигра реми против Лестер за во вчерашниот натпревар да доживее дебакл од клубот во кој помина голем дел од својата кариера.

Евертон на „Гудисон“ славеше со 4:0, Руни постигна хет-трик, а ова за Мојс против својот поранешен клуб беше петти пораз во исто толку натпревари со гол разлика од 0:12.

За работите да бидат полоши за шкотскиот стручњак, „чеканите“ во наредниот период ги очекува пеколно тежок распоред.

Прво им следи гостување кај Манчесер Сити, потоа ги пречекуваат Челзи и Арсенал, па гостување против Стоук и нов дуел со Арсенал овој пат на „Емирати“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универси…