Каталонците се навистина упорни, но разликата во однос на она што го бараат Англичаните и понатаму е голема.
Барселона не се откажува.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првите две понуди беа одбиени. Лицитацијата започна од 55 милиони, стигна до 61.
Во прашање е Вилијан кој преку својот менаџер испратил порака до управата дека сака да замине, иако Конте го напушти клубот.
Се очекуваше Бразилецот кој беше во лоши односи со претходниот тренер да ја промени одлуката кога пристигна Маурицио Сари, но изгледа само Конте не бил во прашање бидеќи тој и понатаму сака да замине.
Сакаше кај Мурињо, но Челзи нема намера да засили еден од најголемите ривали во Премиер лигата, а кога во прашање е Барселона, бараа сума од околу 80 милиони евра што е сепак далеку од она што во овој момент го нудат Каталонците.
Идејата на Валверде е со доведувањето на Вилијан да формира ново трио во нападот, со што Кутињо би бил повлечен нешто поназад на местото плејмејкер, односно замена за Иниеста.