Дома Фудбал Останато Ќе се тестираат нови правила кои комплетно ќе го променат фудбалот

Ќе се тестираат нови правила кои комплетно ќе го променат фудбалот

Веќе подолго време се дискутира за можни промени во правилата во фудбалот, кои би требале да ја забрзаат играта и да ја направат уште поатрактивна.

Светската куќа на фудбалот (ФИФА), на турнир во Холандија, ќе тестира пет нови фудбалски правила. На него ќе учествуваат резервните тимови на ПСЖ, АЗ Алкмар, Клуб Бриж и РБ Лајпциг.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Натпреварите ќе бидат поделени во две полувремиња од по 30 минути, а судијата ќе го запира времето во текот на прекините. Тренерите ќе можат да прават неограничен број летечки измени без запирање на играта, по примерот на хокејот и ракометот. Жолтиот картон ќе значи пет минути одмор за играчот кој го добил.

Потоа топката од аут ќе се изведува со нога и фудбалерот кој изведува слободен удар или корнер, може да тргне со топката во дриблинг, без претходно да му ја подаде на некој од соиграчите.

Ова се 5-те револуцинерни правила, а било кое од нив може комплетно да го промени фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Адвокатот на 24-годишната судијка за секc-скандалот: Видеото е направено со вештачка интелигенција

Тускиот фудбал во последните денови го тресе секc-скандал во кој се вмешани 24-годишна суд…