Јувентус и Интер ремизираа 1:1 во вчерашното прво полуфинале од Купот на Италија во кое во финишот видовме и инциденти.
Интер голот за изедначување го постигна во самата завршница во 93-та минута кога Лукаку реализираше пенал. По тој гол следуваа инциденти, а црвени картони заработија Квардадо, Лукаку и Хандановиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело спорт“ денес открива што биле причините за инцидентите. Прво тука реакцијата на Лукаку по голот кој прослави со ставање на прстот на уста. Тогаш следуваше жестока реакција на Квардадо.
За реакцијата Лукаку заработи втор жолт картон и беше исклучен, додека Квардадо тргна да се тепа со Хандановиќ кој нешто му дофрли. Од Интер тврдат дека се започнало поради расистички навреди кон Лукаку.