Дома Фудбал Италија Ќе се степаа Квардадо и Хандановиќ: Што беше причина за инцидентите по дербито Јувентус – Интер? 🎥

Ќе се степаа Квардадо и Хандановиќ: Што беше причина за инцидентите по дербито Јувентус – Интер? 🎥

Јувентус и Интер ремизираа 1:1 во вчерашното прво полуфинале од Купот на Италија во кое во финишот видовме и инциденти.

Интер голот за изедначување го постигна во самата завршница во 93-та минута кога Лукаку реализираше пенал. По тој гол следуваа инциденти, а црвени картони заработија Квардадо, Лукаку и Хандановиќ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Газета дело спорт“ денес открива што биле причините за инцидентите. Прво тука реакцијата на Лукаку по голот кој прослави со ставање на прстот на уста. Тогаш следуваше жестока реакција на Квардадо.

За реакцијата Лукаку заработи втор жолт картон и беше исклучен, додека Квардадо тргна да се тепа со Хандановиќ кој нешто му дофрли. Од Интер тврдат дека се започнало поради расистички навреди кон Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…