Сезоната во најсилните првенства е пред самиот почеток, а Еден Азар се уште е без клуб.
Белгиецот во јуни го раскина договорот со Реал Мадрид иако имаше уште една сезона, се шпекулираше дека може да се пензионира.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од тогаш до денес работите не се променија многу бидејќи, Азар нема ниту една понуда од Европа, дури и од помалку атрактивните лиги.
Наводно, има три опции – Бразил, МЛС и Саудиска Арабија. Во Бразил се споменува Ботофаго, додека неколку клуба од МЛС покажале интерес. Слична е ситуацијата и со понудите од Саудиска Арабија, иако имињата на клубовите не се познати.
Проблем е што Азар не е премногу заинтересиран за настап во овие земји и попрво би ја завршил кариерата. Како слободен играч, Азар може да потпише договор и кога преодниот рок ќе заврши.