Минатото лето за потписот на Вилферд Заха се бореа Арсенал и Евертон, но ниту еден клуб на крајот не го доведе.
Причината што Заха остана во Палас е што овој клуб за него постави цена од 80 милиони евра и не сакаше да ја спушти подоле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заха и минатото лето беше спремен да го напушти клубот меѓутоа на крајот мораше да се помири со останувањето. Сега медиумите пишуваат дека има нов голем клуб кој е фаворит за неговиот потпис. Сега не станува збор за клуб од Англија.
Наводно, главен кандидат за доведување на Заха е ПСЖ кој сигурно нема да има проблем да плати ако треба и 80 милиони евра.
Покрај ПСЖ се шпекулира уште за Борусија Дортмунд и Монако. Во овие клубови Заха сигурно би имал повеќе простор за игра, но прашање е дали тие можат да ги исполнат финансиските барања на Палас.