Moже ли Барселона со продажбите да ги покрие вложувањата во текот на наредното лето?
Барселона ова лето покрај Френки Де Јонг ќе се обиде да го доведе и Де Лихт, додека ситуацијата околу Лука Јовиќ засега е комолицирана, а ќе видиме и дали ќе платат 120 милиони евра за Антоан Гризман. Покрај тоа Валверде кој го продолжи договорот бара засилување на левата бековска позиција, односно алтернатива за Алба, па како слободен играч би можел да пристигне Морено од Ливерпул.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Проценката е дека покрај тие 80 милиони евра кои беа платени за Де Јонг за нови засилувања на Барселона ќе и бидат потребни уште 200, а за да ги избалансира финансиите Барса ќе мора да продава и тоа скапо.
Прв на листата за заминување е Кутињо, за него интерес покажуваат Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, меѓутоа цената му е околу 100 милиони евра, а беше платен 160 (не беа активирани клазулите за бонус).
Втор на листата кој би го изгубил местото ако дојде Де Лихт е Умтити. Тој потпиша нов договор со Барселона, но конкуренцијата на стоперските позиции би била таква што за него тешко би имало место во првиот тим.
И Тодибо кој пристигна во зимскиот преоден рок би можел да замине после само шест месеци. Барселона планира да го продаде со можност да го врати во клубот кога ќе собере искуство.
Денис Суарез Арсенал нема да го откупи, но во Барселона се надеваат дека некој купувач ќе се најде за него. Клубот би можел да го напушти и Иван Ракитиќ на кого цената му е околу 50 милиони евра, заинтересирани се Интер и англиските клубови. Да не го заборавиме и Андре Гомеш кој е на позајмица во Евертон и од кого Барселона сака да се ослободи.
Планот на клубот е амбициозен – да се заработат околу 300 милиони евра и од нив да се финансира летниот преоден рок, но тоа нема да биде лесно. Кутињо, Умтити и Ракитиќ би требало да донесат 200 или нешто повеќе. За другите играчи нема баш интерес. Малком би можел да замине и тој „држи цена“. Ќе замине и Вермален, нема да му биде продолжена позајмицата на Боатенг, а ниту на Мурлио, но од нив нема да заработат ништо.
Можеби Барселона за одредена сума да го продаде вториот голман Јаспер Силенсен, а Валверде има план во првиот тим да прмовира и некои играчи од младинскиот тим. Освен Алења, тука се Кукурела и Паленсија, а може да се очекува и враќање на Рафиња.