Претседателот на Европската ракометна федерација, Михаел Видерер во овие денови е специјален гостин на Македонија на Европското првенство.
На денешниот брифинг за медиумите неизбежна беше ситуацијата со Вардар и суспензијата од Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Никој во ЕХФ не сакаше да направи таков чекор затоа што знаевме дека станува збор за двократен европски шампион. Се обидувавме да најдеме поинакво решение, добивме многу ветувања, но се остана само на зборови. Следуваа само ветувања и нови одложувања кога ќе дојдеше рокот. Ние бевме под притисок од останатите клубови кои се жалеа дека Вардар не игра чесно, ветувајќи големи плати на ракометари кои потоа не може да ги исплати. Кога беше јасно дека клубот не може да најде решение, ние бевме приморани на таква одлука“, изјави Видерер.
Во овој момент не може да каже дали Вардар ќе игра во ЛШ следната сезона.
„Ниту јас, ниту било кој друг во овој момент не може да ви каже: Да, Вардар ќе игра во ЛШ наредната или дека нема да игра. Ситуацијата е јасна, сите долгови треба да се подмират, а потребно е и федерацијата да даде одредени гаранции дека нема да дојде до несакани ситуации во сред сезона“, објасни претседателот на ЕХФ.