Постигнат е договор, ќе гледаме британски спектакл!
Оваа борба веќе еднаш беше договорена и тоа во август минатата година, но се откажа поради обврските во договорот на Фјури кон Вајлдер според кој мораше да има и трета борба. Фјури го доби Американецот со нокаут во 11. рунда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џошуа минатиот месец изгуби од Украинецот, Усик со одлука на судиите. Со него треба да има уште една борба, но ако се случи таа ќе биде во текот на 2023 година.
Така се создадоа прилики за британски класик. Џошуа се согласи на условите од Фјури. Парите ги делат 60-40 во корист на Фјури. Исто така има клазула за реванш и рамноправна поделба на парите ако Џошуа победи. Денот на борбата ќе биде 3. декември.
Засега се водат преговори околу ТВ преносот, засега фаворити се БТ и ДАЗН.