Раководството на Барселона се задолжи за 800 милиони евра.
Оваа информација ја откри поранешниот претседател на клубот Жоан Лапорт кој одлучи да открие одредени тајни на актуелното раководство.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Не знам дали договорот е официјално потпишан или само потпишаа преддоговор. Се задожија 800 милиони евра кај Инвестиционата банка „Голдмен Шанх“ и тие ќе ги враќаат во наредните 20 години“, изјави Лапорт.
За Лапорт ова раководство не работи добро.
„Барселона е клуб со милијари приход, но и со милијарда трошоци и долгови. Ќе биде тешко за оној кој ќе дојде на чело на клубот во иднина. Ова раководство мора да ја разјасни ситуацијата“, истакна Лапорт.