Фудбалерите на Њукасл за викендот го победија Манчестер Јунајтед со резултат 2:0 и така го преземаа третото место на табелата, додека „ѓаволите“ паднаа на четвртото.
Поранешниот фудбалер на Њукасл и репрезентативец на Англија, Крис Ведл во разговор за „Би-Би-Си“ не го криеше воодушевувањето од успехот на клубот за кој настапуваше.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Њукасл го бодри стравствена публика и заслужија да победат. Одлично играа и покажаа како ќе изгледаат ако играат во Лигата на шампионите следната сезона“.
„Ќе се бориме со Јунајтед за ЛШ, но нашата предност е што сме фокусирани само на ова натпреварување. Њукасл покажа сериозен став во овој натпревар.
Задоволството не го криеше и поранешниот голман на Њукасл, Шеј Гивен.
Победата над Манчестер Јунајтед е огромен успех. Ова е посебен ден за сите навивачи на Њукасл, сега уживаме и се надеваме дека ќе се бориме до крајот да ја завршиме сезоната како што треба“, изјави Гивен.